Дел од македонските навивачи тргнаа кон полскиот град Краков, каде што ќе биде базата на Македонија во прелиминарната рунда на Светското првенство.
Вториот и најголем дел од „фалангата“ заминува за Краков во текот на утрешниот ден со организиран превоз.
Македонија е во група со Норвешка, Аргентина и Холандија, па на нашите ривали сигурно нема да им биде лесно да играат пред бројната „фаланга“.
Момците на Лазаров првиот натпревар го играат на 13 јануари со почеток во 20:30 часот против Норвешка.