Екипата на Вардар предводена од тренерот Александар Царчев подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе ги започне на 16 јануари.
Во првата фаза од подготовките ќе се тренира на подигање на физичката издржливост.
Последниот дел од подготовките ќе минат со тренинзи во салата при ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода.
Што се однесува до играчкиот кадар, нема никакви најави за нови засилувања, па така Царчев ќе може да смета на истите ракометарки од есенскиот дел.
Ракометарките на Вардар регуларниот дел од сезоната го завршија на првото место во својата група и во плеј-оф фазата ќе пренесат 12 бода.
Вардарки минатата сезона ја завршија на 4. позиција, изборија настап на европска сцена, но раководството на ,,црвено црните” одлучи клубот да игра само во домашниот шампионат.