Екипата на Прилеп во пролетниот дел од натпреварувачката сезона ќе игра во плеј-аут фазата и ќе се бори за опстанок, односно за задржување на суперлигашкиот статус.
Под водство на тренерот Реваз Чантурија, прилепчани подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе ги започнат на 16 јануари и истите ќе се одвиваат само во Македонија.
Ракометарите на Прилеп во текот на подготвителниот период ќе одиграат неколку пријателски натпревари, со цел темпирање на формата пред натпреварите за опстанок.
Играчкиот кадар во однос на есенскиот дел останува непроменет. За евентуални засилувања би требало да се знае во следниот период.
Прилепчани во плеј-аут фазата, во која ќе пренесат два бода, ќе играат со екипите на Голден Арт, Струга, Скопје, Куманово, Радовиш, Вардар Неготино и Јуниор КВ.