Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за натпреварувачките броеви за плеј-оф и плеј-аут во Суперлигата.
Пролетниот дел од сезоната ќе започне на 11/12 февруари, а ќе заврши на 27/28 мај, додека сезоната ќе заврши со бараж средбата за пополнување на Суперлигата на 4/5 јуни.
Во првото коло досега непоразените Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат дома со Пролет, односно на гости со Бутел Скопје.
Јасно е дека битката за титулата ќе се води меѓу овие две екипи, иако никој од другите тимови не смее да биде потценет, особено кога вардарци и пелистерци ќе гостуваат.
Нивната меѓусебна битка ќе биде во 5, односно 12 коло, па на почетокот на мај веројатно ќе дознаеме кој ќе биде шампион на Македонија.
Суперлига, плеј-оф, 1 коло:
Вардар – Пролет
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер
Тиквеш – Алкалоид
Суперлига, плеј-аут, 1 коло:
Вардар Неготино – Голден Арт
Прилеп – Радовиш
Јуниор КВ – Куманово
Скопје – Струга