Ждрепка за плеј-оф и плеј-аут: Утре ќе биде познато кога ќе се бијат битките за титула и опстанок

Ракометната федерација за утре точно на пладне ја закажа ждрепката за редните броеви во плеј-офот и плеј-аутот во Суперлигата.

По завршување на 14 коло од регуларниот дел, екипите пласирани од прво до четврто место по групи ја формираа плеј-оф групата од осум екипи и екипите со остварен пласман од петто до осмо место во групи во регуларниот дел ја формираа групата плеј-аут од осум екипи.

Во плеј-оф и плеј-аут екипите ќе играат во еднокружен бод систем (дома-гости) или вкупно 14 кола.

По добивање на конечниот пласман во двете групи ќе бидат познати шампионот и патниците во европските купови, како и екипите што ќе обезбедат опстанок во лигата.

Седмо и осмопласираниот тим ќе испаднат во Првата лига, додека во повисок ранг се пласираат првиот и вториот од Првата лига. Бараж за суперлигашко место ќе играат шестиот од суперлигашкиот плеј-аут и третопласираниот од прволигашкиот плеј-оф.

СУПЕРЛИГА ПЛЕЈ-ОФ

ПозЕкипаНПРЛБ
114130141
21430119
31400140

СУПЕРЛИГА ПЛЕЈ-АУТ

ПозЕкипаНПРЛБ
114111236
214100433
31480624
41471623
51451819
61420126
71400142