Екипата на Јуниор КВ, која во оваа сезона се натпреварува во македонската елита, откако во претходната играше во прволигашката конкуренција, остана без интернационалецот Никола Матовиќ.
Левиот бек од Србија, кој во скопскиот тим пристигна од екипата на Дубочица Лесковац го напушти Јуниор КВ и во остатокот од сезоната ќе има нов предизвик во својата кариера.
Јуниор КВ во регуларниот дел од Суперлигата играше во групата Б заедно со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Скопје, Пролет, Радовиш и Голден Арт.
Тимот од Кисела Вода одигра според можностите, заврши на последното, 8 место во својата група и во пролетниот дел од сезоната ќе игра во плеј-аут фазата каде ќе се бори да го задржи суперлигашкиот статус за наредната натпреварувачка сезона.