Денес со три натпревари се комплетираше 9. коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција. На денешните одиграни натпревари победа остварија екипите на ЧСМ Букурешт, Мец и Оденсе.
Во дерби дуелот меѓу ЧСМ Букурешт и актуелниот европски шампион Вајперс Кристијансад славеше романскиот тим со три гола разлика, 27:24. На првиот дуел, кој беше одигран на почетокот на сезоната, убедлива победа оствари Вајперс Кристијансад со 35:29.
ЧСМ Букурешт во победата беше предводен од Кристина Неагу, која постигна девет погодоци, додека шест гола во мрежата на гостите имаше Елизабет Омореги. Кај Вајперс Кристијансад се истакна Маркета Јерабкова со девет гола.
Голманката на ЧСМ Букурешт, Марие Давидсен натпреварот го заврши со 12 одбранети удари, а нејзината колешка Евелина Ериксон имаше две интервенции. Легендарната Катрин Лунде мина 60 минути на голот на Вајперс Кристијанстад и забележа 17 интервенции, кои беа недоволни за поволен резултат на нејзината екипа.
Мец на гостувањето во Загреб кај Локомотива без проблеми обезбеди лесна победа од 27:18, додека Оденсе беше подобар од Битингхајм со 27:24.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЖЕНИ, 9. КОЛО
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА А
БРЕСТ БРЕТАЊ – КРИМ 22:24 (12:10)
ФТЦ – БАЊИК МОСТ 43:19 (20:11)
БИТИНГХЈАМ – ОДЕНСЕ 24:27 (16:13)
ЧСМ БУКУРЕШТ – КРИСТИЈАНСАД 27:24 (15:16)
ГРУПА Б
БУДУЌНОСТ – ЃЕР 23:25 (12:14)
СТОРХАМАР – РАПИД БУКУРЕШТ 29:36 (15:17)
ЕСБЈЕРГ – КАСТАМОНУ 39:31 (23:17)
ЛОКОМОТИВА ЗАГРЕБ – МЕЦ 18:27 (6:13)
Крим го изненади Брест Бретањ, Будуќност не успеа да освои бод против Ѓер