Хрватска го победи Мароко со 2-1 во натпреварот за третото место и го повтори успехот од 1998 година кога исто така дојде до бронзата на СП во Катар.
Дел од публиката на стадионот „Калифа Интернационал“ во Доха беше и поранешниот репрезентативен голман Петар Мисовски.
Тој подолго време работи како тренер на голмани во Катар и е дел од стручниот штаб на младинските селекции. Претходно во играчката кариера настапуваше во Хрватска, па логично дека симпатиите му беа насочени кон балканската селекција.
„Коцкестите“ поведоа со голот на Гвардиол во 8 минута, една минута подоцна израмни Дари, додека во 42 минута, Ливаја донесе предност, 2-1, а во второто полувреме немаше голови.
Во големото финале утре ќе играат Аргентина и Франција.