Селекторот на репрезентацијата на Белгија, Јерим Сила го објави списокот на играчи за настап на Светското првенство 2023.
На списокот меѓу избраните играчи се наоѓа и екс членот на Металург, Арбер Керими, кој имаше краток престој во Автокоманда.
Поголемиот дел од играчите настапуваат во шампионатот на Белгија, а шест членови играат во Франција, односно во тимовите на Истр, Тулуз, Иври, Саран…
Дебитантот на Светското првенство ќе игра во групата Х заедно со репрезентациите на Данска, Тунис и Бахреин.
За потсетување, селекцијата на Белгија пласман на Мундијалот во јануари обезбеди, откако во квалификациите ја елиминираше Словачка.
Иако беше предвидено да се игра бараж со Русија, поради суспензијата на руските ракометари директен пласман на СП обезбеди Белгија.