Тимот на Веспрем вчера одигра исцрпувачки натпревар во Лигата на шампионите и освои бод на гостувањето кај Динамо Букурешт, 31-31, иако имаше шанса да се врати со триумф.
Експедицијата на унгарскиот клуб веднаш по мечот замина дома, но во Букурешт остана левиот бек Патрик Лигетвари. Него му се слошило на аеродромот, не бил пуштен на летот и завршил во болница.
По лекарските прегледи било утврдено дека нивото на шеќерот во крвта на Лигетвари значително било паднато, па затоа и му се слошило.
Откако му биле направени дополнителни испитувања, денеска бил пуштен од болница и ќе се врати во Веспрем, но сигурно ќе го пропушти последниот натпревар за оваа година на унгарскиот тим утре против Цеглед.