Олимпијакос го доби големото дерби против АЕК Атина со 22-20, во шампионатот на јужниот сосед на Македонија. Двата тима влегоа во овој дуел по болните елиминации од Европа, а поуспешни беа „црвено-белите“ од Пиреја.
Најзаслужи за триумфот беа Оливие Њокас и Елмир Граџан, кои постигнаа по четири гола за победничкиот тим, додека Стипе Мандалиниќ беше најдобар со шест гола кај АЕК Атина.
Дербито беше на три пати прекинувано поради фрлање запалки и шишиња од трибините, потоа често се бришеше подот, играчите и стручните штабови реагираа на судиските одлуки, па и затоа мечот се одолговлече близу два часа.
Беше 21-18, Мандалиниќ стрелаше за 21-19, но Граџан беше човекот кој го постигна голот за потврда на победата на домашните.
Исто така имаше многу остри стартови, па така во 10 минута, Олимпијакос остана без Карабурниотис, кој доби црвен картон за грубиот старт над Мандалиниќ. Во 29 минута Соколиќ остро стартуваше над Њокас, кој падна лошо, па имаше голема паника на теренот…Во последната минута црвен картон доби Роберт Вебер поради тоа што не ја остави топката на време по една грешка на неговиот тим.
Сигурно се очекуваше поголем квалитет на ова дерби, но на сметка на тоа не недостигаа возбуда, одлична одбрана на двете страни, пресврти…