Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за последното коло за оваа година од групите во Лигата на шампионите.
Македонските арбитри Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судат мечот ммеѓу Будуќност и Ѓер што ќе се одигра в сабота од 18:00 часот во Подгорица.
Покрај нив, Македонија ќе има уште еден претставник на последните европски клупски натпревари за оваа година.
Марјан Начевски ќе биде делегат на натпреварот во Будимпешта меѓу Ференцварош и Бањик Мост што ќе се игра в сабота на 17 декември од 16:00 часот