Ракометарите на Еурофарм Пелистер водат по првото полувреме против шпанска Бидасоа со 17-16 во натпревар од шестото коло во Лигата на Европа, иако во еден дел од мечот имаше и плус четири.
Шпанскиот тим успеа да одигра поквалитетно во вторите 30 минути и со подобрата игра освои бод.
Тренерот на Бидасоа, Јакобо Куетера истакна дека е задоволен од играта на неговите избраници.
,,Освоивме голем бод за нас, важен бод… Задоволен сум од играта, значаен бод за нас на еден историски терен, ја продолжуваме битката за 3. позиција во нашата група со еден одличен противник”, изјави Куетера.
Екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, десниот бек Михајло Митиќ исто така е задоволен од прикажана игра.
,,Беше тежок натпревар, знаевме дека ќе биде потешко отколку од претходниот дуел во Шпанија, бидејќи знаеме каква екипа е Еурофарм Пелистер. Освоивме важен бод, со кој обезбедивме осминафинале во Лига на Европа. Овој бод колку што ни значи нас, толку многу му значи и на Еурофарм Пелистер”, изјави Митиќ.
Еурофарм Пелистер со минимална предност на пауза против Бидасоа