Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска го играат шестиот натпревар од групната фаза на Лигата на Европа.
Шпанскиот тим Бидасоа е третиот гостин во Битола оваа сезона, а нашиот тим ќе се обиде да се реваншира за високиот пораз во Ирун со 12 гола разлика, 32-20.
Стратегот Ларс Валтер направи две промени. Се враќа средниот бек Вилсон Дејвис, а во ростерот е и десното крило Никола Стоилевски, додека го нема Емилијан Ѓорговски.
Гостинскиот тренер Јакобо Куетара исто така направи две промени. Во ростерот нови имиња се голманот Јакуб Скржиниарж и десното крило Емперан Тао.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Бидасоа Ирун се игра вечерва во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.