Денес на програмата во Лигата на шампионите во женска конкуренција беа одиграни шест натпревари. Победниците ја оправдаа улогата на фаворит и немаше ниту едно изненадување.
Победа во денешните натпревари од 8. коло остварија екипите на ЧСМ Букурешт, Мец, Брест Бретањ, Ебсјерг и Кристијанштад.
Во натпревар од групата А, тимот на ЧСМ Букурешт на гостувањето во Будимпешта кај Ференцварош оствари сигурна победа од 33:29 (17:11) и со новите освоени бода се израмни на табелата со актуелниот европски шампион Вајперс Кристијандад, кој ја продолжи победничката серија и триумфираше против Кастамону. Двете екипи сега имаат по 13 бода, но норвешкиот тим моментално го држи првото место во споменатата група.
Предводничка во победничката екипа беа кружниот напаѓач Крина Пинтеа со шест гола, додека во поразениот табор по пет гола постигнаа Емили Белк, Грета Мартон и Катрин Клујбер.
Екипата на Брест Бретањ откако во претходното коло одигра само реми против Битингхјам, денес го совлада бундеслигашот со четири гола разлика, 32:28. Францускиот тим освои два важни бода, со кои ги зголеми шансите да остане во игра за следната фаза од елитното европско натпреварување.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЖЕНИ, РЕЗУЛТАТИ
8. КОЛО
ГРУПА А
ФТЦ – ЧСМ БУКУРЕШТ 29:33 (11:17)
БРЕСТ БРЕТАЊ – БИТИНГХЈАМ 32:28 (17:18)
КРИСТИЈАНСАД – БАЊИК МОСТ – 39:24 (18:10)
ОДЕНСЕ – КРИМ (11.12.2022)
ГРУПА Б
КАСТАМОНУ – МЕЦ 23:28 (13:13)
ЕСБЈЕРГ – ЛОК. ЗАГРЕБ 33:20 (18:13)
РАПИД – ЃЕР (11.12.2022)
СТОРХАМАР – БУДУЌНОСТ (11.12.2022)