Ракометарките на Чаир имаа лесна задача против битолски Пелистер и славеа со убедливи десет гола разлика, 33-23. Победата и трите бода домашните ракометарки ги најавија уште по првиот дел кога водеа со 18-12.
Битолчанки предводени од Французинката Франсоа парираа во првите петнаесетина минути до 9-8, а потоа колата тргна надолу. Чаир се одлепи на плус пет, 13-8, а имаше и водство од седум гола во првото полувреме.
Гулицоска и Филипоска погодија за 20-12 на стартото на вториот дел и јасно беше каков натпревар ќе се гледа до крај. Чаир имаше и водство од 15 гола, но битолчанки ја ублажија негативата во финишот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Теодора Гулицоска со осум и Мириами Михелидзе со пет гола, додека кај гостинките се истакнаа Мари Франсоа со осум и Ана Марија Талева со четирри погодоци.
Чаир сега има 24 бода на второто место, зад Вардар кој е прв со 27, додека Пелистер останува на четвртото место, последно кое води во плеј-оф со 19 бодови.