Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува тешко гостување кај некогашниот европски шампион Бидасоа Ирун.
Десното крило Ненад Костески вели дека иако распоредот е многу густ и има многу натпреварот, ќе соберат сили и одат по трет триумф на гостински терен.
„Бидасоа Ирун е една добра екипа, се работи за сериозен противник. Се подготвуваме овие неколку дена, иако знаеме дека е многу густ овој период, истолнет со многу натпревари. Ќе собереме сили и одиме во Ирун на победа, која би ни значела премногу и би ни овозможила големи шанси за пласман во следната фаза. Можам да кажам дека сме во нагорна линија, нашата форма оди нагоре, играме добро, остваривме две големи победи досега на гостински терен. Зошто да не биде ова третата? Сепак, има уште многу да се игра до крај на групната фаза, па затоа одиме со мирни глави на овој натпревар во Шпанија“, изјави Костески.
Натпреварот меѓу Бидасоа и Еурофарм Пелистер се игра утревечер во Ирун, со почеток во 20:45 часот.