Радичевиќ испиша нова историја – стана најдобриот стрелец во ЛШ на сите времиња!

Поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ, која пред извесен период ја заврши репрезентативната кариера, откако го освои бронзениот медал на Европското првенство кое се играше во Македонија, Црна Гора и Словенија, стана најдобриот стрелец на сите времиња во Лигата на шампионите.

Членката на Крим пред денешниот одигран натпревар со Оденсе во рамки од Лигата на шампионите зад своето име имаше запишано 1.013 погодоци.

Црногорката во дуелот против Оденсе, кој го совлада словенечкиот шампион со 29:23, постигна шест гола и ја мина легендарната Анита Гербиц, која во елитното натпреварување до денес ја држеше првата позиција на вечната листа со 1.016 гола.

Во Лигата на шампионите во машка конкуренција најдобар стрелец на сите времиња е селекторот на Македонија, Кире Лазаров, кој со 1363 погодоци се наоѓа на првото место.

Победа во денешните три одиграни натпревари во елитното натпреварување кај дамите оствари и екипата на ЧСМ Букурешт, додека натпреварот меѓу Битингјахм и Брест Бретањ заврши без победник, 25:25.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, РЕЗУЛТАТИ, 7. КОЛО:

ГРУПА А

БАЊИК МОСТ – КРИСТИЈАНШТАД 21:43 (15:20)
КРИМ – ОДЕНСЕ 23:29 (15:11)
БИТИГХАЈМ – БРЕСТ БРЕТАЊ 25:25 (14:13)
ЧСМ БУКУРЕШТ – ФТЦ 30:24 (10:11).

ГРУПА Б

ЛОК. ЗАГРЕБ – ЕСБЈЕРГ 18:30 (8:14)
БУДУЌНОСТ – СТОРХАМАР 24:23 (12:11)
ЃЕР – РАПИД 32:30 (18:15)
MEЦ – КАСТАМОНУ 35:24 (18:14)