Ракометарките на Скопје по драматичниот триумф над Шампион во минатото коло, врзаа две победи во Женската лига, откако славеа на домашен терен над Спартак со убедливи 34-26.
По 2-2 на стартот на натпреварот, избраничките на Валентина Радуловиќ се одлепија на водство од пет гола, 8-3 и до крајот на полувремето направија висока залиха од девет гола, 16-7.
Тогаш беше јасно кој тим ќе ги освои боодовите од овој натпревар, па вториот дел беше само формалност и рутинско одработување на задачата, а тоа беше шанса за сите ракометарки да добијат минутажа.
Најдобри стрелци во составот на Скопје беа Росана Павлова со седум и Анастасија Ѓорѓиева со пет погодоци, додека кај Спартак се истакнаа Зорица Андовска со осум и Јана Ѓошевска со седум гола.
Скопје сега има осум бода на седмото место и се доближи до Гевгелија, која е шесто место со девет бодови, додека Спартак остаува на дното со еден освоен бод и без победа по десет меча.