Ракометарките на Пелистер забележаа важна победа над Шампион со 34-22 и направија предност од седум бода на табелата пред директниот ривал за место во плеј-офот.
Гостинките парираа само на стартот, а потоа се беше во знакот на битолчанки. По 3-2 за Шампион, следуваа четири погодоци за Пелистер, за 6-3. До крајот на полувремето израничките на Адријано Котевски направија висока предност, 18-10.
На стартот на вториот дел домаќинките постигнаа уште два гола во мрежата на Шампион за 20-10 и веќе немаше дилеми кој ќе победи, па до крајот прашањето беше со колку голови разлика.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Сандра Корлевска со седум и Ана Марија Талева со пет погодоци, додека кај Шампион се истакна Анастасија Митова со седум гола.
Пелистер по десет кола има 19 бода на четвртото место на табелата, додека Шампион е петти со 12 бода.