ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до недела на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.

Според Вас, кој ракометар го одбележа 12. коло од машката Суперлига 2022/2023?

Давор Шокоски - лев бек - Прилеп
64.35%
Данило Михајлевиќ - голман - Пролет
21.04%
Михаил Аларов - пивот - Пролет
8.09%
Мице Шилегов - десно крило - Голден Арт
2.04%
Марти Ивановски - среден бек - Еурофарм Пелистер 2
1.87%
Филип Николов - десен бек - Бутел Скопје
1.35%
Дејан Манасков - лево крило - Вардар
1.26%

РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

група А

ВАРДАР – OХРИД – КУМАНОВО 32-25
СТРУГА – АЛКАЛОИД 29-44
КУМАНОВО – БУТЕЛ СКОПЈЕ 19-31
ВАРДАР НЕГОТИНО – ПРИЛЕП 28-29

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД12110133
2ВАРДАР 196112110133
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100230
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1270521
6ТИКВЕШ 20141251616
7ПРОЛЕТ1243515
8ПРИЛЕП1242614

група Б

СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 23-28
ГОЛДЕН АРТ – РАДОВИШ 29-25
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЈУНИОР КВ 38-20
ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ 24-19

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Данило Михајлевиќ (Пролет) – Црногорскиот чувар на мрежата беше меѓу клучните фигури во триумфот над Тиквеш.

ЛЕВО КРИЛО: Дејан Манасков (Вардар) – Левото крило на шампионот ги водеше „црвено-црните“ до победа над Охрид.

ЛЕВ БЕК: Давор Шокоски (Прилеп) – Со девет гола ги водеше прилепчани го важна победа на гостувањето во Вардар Неготино.

СРЕДЕН БЕК: Мартин Ивановски (Еурофарм Пелистер 2) – Одигра одлично во мечот кој битолчани го добија на гости кај Скопје и го потврдија местото во плеј-оф.

ДЕСЕН БЕК: Филип Николов (Бутел Скопје) – Со осум погодоци беше најдобар стрелец во редовите на бутелци во гостинскиот триумф над Куманово.

ДЕСНО КРИЛО: Мице Шилегов (Голден Арт) – Со 14 погодоци беше главен актер на дуелот со Радовиш.

ПИВОТ: Михаил Аларов (Пролет) – Пивотот на Пролет заедно со голманот Михајлевиќ беше меѓу најзаслужните за важните бодови против кавадарчани.