Норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен се врати на ракометните терени по 175 дена, откако се повреди во финишот на минатата сезона.
Тој заигра на мечот меѓу Кил и Гумерсбах, кој го добија „зебрите“ со три гола разлика, 31-28 на домашен терен.
Сагосен шутираше четири пати на овој натпревар, а погоди само еднаш, што е разбирливо по двете операции што ги имаше.
Веројатно Сагосен ќе има дозирана минутажа во следниот период, но прашање е дали ќе биде подготвен за предизвикот наречен Светско првенство и дуелите со Македонија, Аргентина и Холандија.
Тој сигурно ќе се најде на списокот на селекторот Виле, но ќе биде во трка со времето за настап на Мундијалот.