Ракометарите на Еурофарм Пелистер во рамки од 4. коло од Лига на Европа ќе гостуваат во Дизелдорф кај Мотор и ќе се обидат да ја запишат втората победа во новата натпреварувачка сезона на европска сцена.
Битолчани на свое конто имаат една победа, против Агуаш Санташ и два порази, од Архис и Фуксе Берлин.
Тренерот на ,,фармацевтите” Ларс Валтер имаше пофални зборови за украинскиот тим.
,,Изгледа како да нема крај на проблемите, но имаме уште неколку недели до крајот на полусезоната. Тие сме што сме, ќе се бориме до крај и ќе сториме сè што е во наша моќ да освоиме два бода против Мотор. Тимоот на Мотор има добри ракометари. Анѓелиќ игра во средината и искусен голман како Кoмок на голот. Од тоа што го видов, играат убав ракомет. Одиграа добар натпревар против Архус, Бидасоа Ирун имаше проблеми со нив, па нема да биде лесно. Мора да дадеме се што имаме и да го добиеме тој натпревар. Два брзи тима ќе се соочат, мислам дека ќе биде интересен натпревар. Ни треба нашата добра одбрана, последниот натпревар малку поспоро се враќавме, па цел на натпреварот против Јуниор беше да се подобриме. Знам дека не е исто како против Фуксе Берлин, но мора да ги искористиме овие натпревари да се подготвиме за тешките дуели”, изјави Валтер.
Натпреварот меѓу Мотор и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 29 ноември (вторник), со почеток од 18:45 часот.