Финалето на Европското првенство кое заврши во неделата, сруши неколку рекорди по гледаноста на ТВ во Норвешка и Данска, двете земји кои се бореа за златото на континенталниот собир.
Европската ракометна федерација денеска објави дека 1.500.000 луѓе просечно, го гледале финалето во Данска, а врвот на гледаноста бил 1.700.000 гледачи. Данците открија дека досега тоа е најгледаниот настан во 2022, барем до стартот на фудбалскиот Мундијал.
Во Норвешка, 986.000 гледачи во просек го следеле мечот за злато од Љубљана, а врвот на гледаноста достигнал до 1.100.000 гледачи. Ова е најгледан ракометен натпревар во историјата на Норвешка.
Европското првенство се одржа во Словенија, Црна Гора и Македонија.