Аргентинскиот селектор Гиљермо Милано го објави скратениот список на ракометари за Мундијалот во Полска и Шведска од 13 до 29 јануари.
Милано ќе смета на 19 ракометари на подготовките што ќе траат шест дена, од кои ќе отпадне еден пред патувањето за Полска.
Тука се иконата Диего Симоне од Монпелје, неговиот брат Пабло Симоне, екс голманот на Барса, а сега на Спортинг – Лео Масиел, бековите Пизаро и Бонано, како и пивотот Лукас Москариело од Монпелје…
Подготовките на „гаучосите“ ќе почнат на 4 јануари во шпанскиот град Бенидорм, што е логично со оглед на тоа што 13 ракометари од списокот настапуваат во Асобал лигата. Од 5 до 7 јануари, Аргентина ќе игра на турнир со Шпанија, Бахреин и Романија, подготовките ќе продолжат до 10 јануари, а патот за Краков е планиран на 11 јануари.
Дуелот меѓу Македонија и Аргентина ќе се игра на 17 јануари во „Таурон Арена“.