Екипата на Фуксе Берлин на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер немаше поголеми проблеми и дојде до рутинска победа од 43:34, во натпревар од 3. коло од Лига на Европа.
Тренерот на Фуксе Берлин, Јарон Зиверт истакна дека е тешко да се игра пред битолската публика.
,,Честитки за моите ракометари и за оваа победа издвојувана на тежок терен. Уште на загревањето забележавме колку беше бучно во салата и колку беше тешко да се игра. Но, моите ракометари по неколку минути игра се прилагодија и успеаја да одиграат еден одличен натпревар. Нашиот голман беше одличен во првото полувреме, во вториот дел и домашната екипа реагираше и сакам да им честитам за нивната игра, за тоа што не се предаваа и им посакувам голем успех во домашното првенство и на европска сцена”, изјави Зиверт.
За Фуксе Берлин денешната победа беше трета во второто по ранг европско натпреварување.
Втор пораз за Еурофарм Пелистер во ЛЕ, фаворитот Фуксе однесе бодови од Битола (ФОТО)