Селекцијата на Црна Гора со триумфот од 27-25 над Франција во драматичен натпревар по продолженија ја освои бронзата на Европското првенство што заврши вчера, а се играше во Македонија, Словенија и Црна Гора.
Црногорските „лавици“ после пладне слетаа на аеродромот во Подгорица, каде ги чека многу нивни навивачи и поддржувачи.
Официјалната прослава ќе биде во текот на утрешниот ден во „Бемакс Арена“ со почеток од 20:00 часот, кога црногорскиот народ ќе има шанса да ги поздрави ракометарките.
Погледнете ги фотографиите и видеата што ги објави црногорскиот портал „ЦДМ“…