Вардар и полесно од очекуваното извојува сигурна победа среде Автокоманда против новиот домаќин на салата, тимот на Алкалоид и тоа со убедливи 30-22 (15-7). Најважен беше првиот дел од средбата во која Вардар, имаше ладна глава, мирна рака и прецизен шут…
Одбраната и контрите беа најсилното оружје на „црвено-црните“. Но, најдобрите потези вардарци ги направија во второто полувреме.
Прво Дејан Манасков во 44 минута во контра го „излажа“ голманот на Алкалоид и убаво „заби“, а потоа Гоце Георгиевски го имаше и потегот на денот. Повторно во контра само што овојпат ја скри топката позади и оттаму испрати удар за водство од 25-17.
Со новиот триумф Вардар е сигурно прв на табелата и ќе пренесе три бода во плејофот. Алкалоид останува на второто место.
Погледнете ги двете мајстории на Дејан Манасков и Гоце Георгиевски…