Тимот на Веспрем во натпревар од шампионатот на Унгарија на свој терен го пречека Ференцвариш и без многу проблеми дојде до убедлив триумф.
Во ефикасен натпревар, со многу голови, вкупно 90, унгарскиот вицепрвак целосно го надигра амбициозниот тим од Будимпешта со 50:40.
На дуелот, во првите 30 минути беше понеизвесно, кога Леаки и колегите одржуваа чекор со големиот фаворит, но на пауза мораа да заминат со негатива од минус четири, 25:21.
Најефикасни во победничката екипа беа Андреас Нилсон со 11 и Петар Ненадиќ со 7 погодоци. Листата на стрелци во Ференцварош беше предводена од искусните Жолт Балог со седум и Мате Лекаи со пет погодоци.
Ференцварош на 22 ноември ќе гостува во Франција кај Екс ан Прованс во натпревар од Лига на Европа, додека Веспрем два дена подоцна, односно на 24 ноември, на свој терен ќе игра против Загреб во рамки од 7. коло од Лига на шампионите.