Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват, доби лоша вест од Германија по повредата на левиот бек Марко Мамиќ.
Членот на бундеслигашот Лајпциг, кој е важна алка во хрватската игра, ги скина лигаментите на левото колено.
Тоа значи дека ќе следува операција и за него оваа сезона е завршена, а ќе го пропушти и Светското првенство во Полска и Шведска.
Лајпциг има големи проблеми од стартот на сезоната кога имаше серија порази, а претходно на долг рок го загуби и вториот Хрват, Ловро Јотиќ.