Македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер ќе бидат дел од дивизијата „Југ“ во регионалната СЕХА лига.
Иако беше најавено дека таа ќе се нарекува „Запад“, сепак заменик претседателот на лигата, Борис Сапожњиков на пресот по натпреварот од дивизијата „Исток“ меѓу Мешков Брест и Зенит Санкт Петербург го откри името и изгледот на групите.
Вардар ќе биде во група со хрватскиот првак Загреб, потоа српскиот Партизан и словачкиот Татран Прешов.
Еурофарм Пелистер ќе биде во група со петкратниот шампион Веспрем, хрватскиот Нексе Нашице и српската Војводина.
Во дивизијата „Исток“ веќе се одиграа три кола, а до крајот на јануари ќе биде комплетирана групната фаза, додека стартот на дуелите од дивизијата „Југ“ ќе биде дополнително познат.