Ракометарите на Драчево ја продолжуваат серија без пораз во Првата лига, откако славеа на гостувањето кај составот на Астраион со 28-26.
Иако избраниците на Велимир Настески имаа и плус осум во текот на мечот, 21-13, домаќинот опасно се закани во финишот на мечот и намали на минус еден, 25-24.
Беше и 26-25, но со головите на Дука и Димовски за 28-25 беа решени дилемите околу победникот и Драчево се враќа од Струмица со три бода.
Дука беше најдобар стрелец кај Драчево со девет гола, а по шест дадоа Петковски, Димовски и Дабевски, додека кај Астраион се истакна Наков со седум погодоци.
Сега Драчево на табелата има 19 бода на првото место, Голден Арт 2 има 18 бода, додека Аеродром е трет со 16 бодови.