Тиквеш брзо “го реши“ Јуниор – кавадарчани во игра за второто место на табелата

Иако има уште четири кола до крајот на групната фаза, ракометарите на Тиквеш веќе се дел од плејофот а по триумфот над Јуниор Кисела Вода 29-20 (15-11) сега кавадарчани „бркаат второто место“ на табелата. Со новите три бода Тиквеш има 22 бода, еден помалку од второпласираниот Пролет. Скопски Јуниор останува закован на дното со четири бодови.

Раното водство од 4-1 а потоа и 7-2 беше период во кој домашните не само што резултатски се одлепија туку и му најавија на противникот дека нема пшто да бара во Кавадарци. Иако до крајот на првото полувреме Јуниор намали на 10-12 сепак немаше сила за пресврт. Со серија од 3-0 Тиквеш брзо зголеми на 15-11, а потоа во последната секунда Печенковски со гол од 10-11 метри намали на 15-11.

Во второто полувреме домаќините ја одржуваа таа предност од неколку голови, а Јуниор повторно дојде до момент кога можеше сериозно да се приближи, но на 19-16 не реалиизираа напад. Тоа го искористи Тиквеше и за неколку минути пак дојде до високо водство, 22-17. Голманот Марјан Велков со погодок од „гол на гол“ во 50 минута првпат зголеми на „плус 6“ и водство 26-20. Но, не застанаа тука домашните и за пет минути стигнаа до 28-20, како печат на победата и требаше само рутински да се одработат останатите неколку минути од средбата.

Страхиња Симиќ беше најефикасен на средбата и во тимот на Тиквеш со 8 гола, а Мартин Димовски даде четири гола.
Во тимот на Јуниор пет гола постигна Филип Димевски, а четири Горан Печенковски.

Во следното коло Јуниор е домаќин на Пролет, а Тиквеш дома го пречекува Скопје. До крајот на регуларниот дел најважен ќе им биде дуелот со Пролет кој директно ќе решава која екипа ќе пренесе еден бод повеќе во разигрувањето за титулата.