Екипата на Алборг во рамки од 11. коло од данскиот шампионат потешко од очекуваното дојде до победа против тимот на Холстебро, со резултат 26:23 (9:12)
Холстебро, кој моментално е позициониран на 8. позиција во најквалитетното натпреварување во Данска, пружи силен отпор против еден од тимовите кои атакуваат на место меѓу најдобрите во Лигата на шампионите и до финишот беше во игра за освојување на барем бод.
Поискусниот тим не дозволи сензација и во клучните моменти успеа да ги освои планираните бодови, со кои се зацврсти на првата позиција на табелата и дојде до 21 бод, додека второпласираниот ГОГ на свое конто има 18 бодови.
Најефикасни во Алборг со по пет погодоци беа Себастијан Бартхолд и Феликс Клар, а четири реализации имаше Арон Палмарсон.
Алборг пред дуелот против Нант, кој ќе биде одигран на 23 ноември, ќе одигра уште три натпревари од домашниот шампионат.