Српски арбитри за мечот меѓу Македонија и Романија

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од последното, трето коло од групната фаза на ЕП.

Српските судијки Вања Антиќ и Јелена Јаковљевиќ ќе го судат натпреварот меѓу Македонија и Романија.

Влогот на овој меч е голем, бидејќи победникот ќе им се придружи на Франција и Холандија во главната рунда.

Натпреварот меѓу Македонија и Романија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.