Тимот на Младост Богданци ја забележа шестата победа во Првата лига, откако славеше без поголеми проблеми над составот на Овче Поле од Свети Николе со убедливи 31-22.
Гостите водеа на стартот, но набрзина домашните ја преземаа контролата и направија предност од пет гола, 11-6. Сепак Овче Поле се врати во игра и до крајот на полувремето намали на 13-11.
На стартот на вториот дел Младост преку Котев, Чрчев и Роглев поведе со 16-11 и тоа беше клучно за триумфот. Гостинските ракометари колкку и да се трудеа не можеа да ја загрозат предноста на богданчани.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Никола Роглев со десет гола и Димитар Пеев со шест погодоци, додека голманите Паунков и Панов комбинираа 18 одбрани. Во составот на Овче Поле се истакна Димитрија Крстев со седум гола.