Исландскиот шампион Валур ја оствари втората победа во групната фаза од Лигата на Европа, откако славеше на гостински терен кај составот на Бенидорм во Шпанија со 32-29.
Валур стана првиот клуб од Исланд што успеал да врзе две победи во групна фаза од некое европско натпреварување, ЛШ или ЛЕ.
Овој тим го прекина постот на исландските екипи на гостински терен што траеше дури 19 години.
Победата на Валур над Бенидорм, е само втора победа на гостински терен на некоја исландска екипа во групна фаза од ЛШ или ЛЕ, по триумфот на Хаукар Хафнарфјордур во 2003 година во елитната конкуренција над Вардар во Скопје со 32-26.