Тимот на Веспрем ја продолжи серијата без пораз во Лигата на шампионите, откако на домашен терен ремизираше со бундеслигашот Магдебург, 35-35. Гостите беа уморни по дуелите на Супер Глоуб, но пружија силен отпор против унгарскиот тим и го одбранија последниот напад на Веспрем.
Магнусон на два пати стрелаше за 2-0 за Магдебург. Веспрем имаше комотна предност од 10-7, но голманот на бундеслигашот, Никола Портнер влезе во серија и фати неколку удари по ред. Неговиот тим се врати во игра и направи комплетен пресврт.
Водеше Магебург со 15-12, Момир Илиќ мораше да бара тајм-аут, а Цупара влезе на местото на Цупара. Нилсон, Лауге и Сипос набрзина го вратија мечот во егал, 15-15, а до крајот на полувремето имаше уште по еден погодок на двете страни.
Дури 18 погодоци, по девет на двете страни беа постигнати до 41 минута за 25-25. Во продолжение Јенсен згреши на два пати, па Цупара фати две топки и Веспрем беше одново на највисоки плус три, 28-25.
Вигерт мораше да бара минута одмор, па полека неговите избраници се вратија во игра, 30-30 беше на десет минути до крајот на мечот. Со реми, 34-34 се влезе во последната минута, но Нилсон даде гол за 35-34.
Магдебург тргна во напад, Лауге доби исклучување, реагираше кон судиите па доби уште едно и на крај црвен картон, па мораше на трибини. Бундеслигашот лесно го најде патот до мрежата на Цупара и беше 35-35.
Останаа трисетина секунди за Веспрем, домашните по тај-ауатот на Илиќ тргнаа во напад, но не успеаја да погодат и на крајот се задоволија само со бод. Најдобри стрелци во Веспрем беа Лауге со осум и Јахија со шест гола, а кај Магдебург се истакна Магнусон со осум погодоци, додека голманот Портнер имаше 17 одбрани.