Ракометарите на Келце денес му гостуваат на словенечкиот шампион Целје во рамки од 5. коло од Лига на шампионите.
Избраниците на Талант Душбеав, кои се фаворити на дуелот против „пиварите“, ќе имаат мотивација повеќе за да дојдат до посакуваните бодови, бидејќи никогаш на гостувањето кај Целје немаат остварено поволен резултат, односно победа.
Тренерот на Келце, Талант Душебаев имаше позитивни комплименти за екипата на Целје, која во 2. коло успеа на свој терен да го совлада Кил.
,,Целје игра многу добро против силните противници. Имаат многу млади играчи кои сакаат да се покажат во добро светло. Ова ги прави многу опасни, особено на домашен терен. Ние никогаш не сме победиле во Словенија и овој дуел е уште еден предизвик за нас”, изјави Душебаев за официјалната страна на полскиот шампион.
Натпреварот меѓу Целје и Келце ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.