Денес со натпреварот меѓу Балатонфуреди и Грањолерс започна групната фаза од Лига на Европа. Шпанскиот претставник лесно се справи на гостинскиот терен во Унгарија и со победа од 30:25 покажа дека ќе се бори за висок пласман во рамки од групата Ц, во која играат уште Скјерн, Нексе, Спортинг и Алпла Хард.
Грањолерс во воведниот дел имаше водство од 5:0, кон средината на првото полувреме предноста на тимот од Шпанија изнесуваше плус четири гола разлика, 10:6, додека на полувреме резултатот беше 15:12 во корист за гостите.
Домаќините во вториот дел ниту еднаш не успеаја да бидат рамоправен противник и при резултат од 23:15 во 40 минута, јасно беше дека екипата на Грањолерс ќе ги освои бодовите.
Одличен натпревар одигра Валеро Ровира, кој постигна 14 погодоци, а втор стрелец во победничката екипа беше Фарук Јусуф со четири реализации.
Во поразенот табор листата на стрелци беше предводена од српскиот репрезентативец Стеван Сретеновиќ со пет погодоци.