Без триото Кире Лазаров, Филип Миркуловски и Столе Стоилов, машката македонска репрезентација ќе го започне новиот предизвик, а тоа се квалификациите за ЕП 2024 година.
Селекторот Кире Лазаров денеска во 14:00 часот ќе ги собере ракометарите кои ќе ги започнат подготовките за дуелите со Луксембург и Турција.
Лазаров на скратениот список има 21 ракометар, а единствените двајца што ќе доцнат ќе бидат Никола Митревски и Костадин Петров, кои вчера имаа натпревари во Португалија и Исланд.
Нашата репрезентација е во група со аутсајдерот Луксембург, Турција и Португалија, а во двомечот со Гомеш, Мартинс, Итуриза…би требало да ја биеме битката за првото место во групата.
Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ на 12 октомври од 19:00 часот, додека двобојот со Турција е на програмата на 16 октомври од 16:00 часот.