Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, оствари нова убедлива победа во рускиот шампионат.
Во натпревар од 4. коло од најквалитетното натпреварување во Русија, ЦСКА Москва го совлада дебитантот, тимот на Балтичка Зора со 18 гола разлика, 38:20. Со освоената победа, екипата на Ристовска, моментално, се наоѓа на лидерското место во Русија.
Избраничките на Олга Акопјан победата ја обезбедија уште во првите 30 минути кога на пауза заминаа со предност од 18:11, а во вториот дел со одличната одбрана не дозволуваа лесни погодоци во својата мрежа и рутински ја контролираа предноста.
Ристовска одигра одличен натпревар и беше најдобар стрелец во победничката екипа. Ракометарката од Македонија во убедливата даде шест гола.
Во следното, петто коло, ЦСКА Москва на свој терен ќе игра против незгодниот состав на Кубан од Краснодар.