Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа извлечени групите и за пионерската лига во женска конкуренција.
Во годинешната сезона ќе учествуваат 13 тимови, кои се поделени во три групи по региони.
Во група А и Б ќе играат по четири тимови, додека во групата В ќе играат пет екипи од скопскиот регион.
Пионерска лига, жени 2022/23:
група А: Јехона, Пелистер, Младост Јуниор, Стружанка
група Б: Овче Поле СУ, Делчево Вардар, Деспина, Астибо
група В: Илинден Вардар, Ѓорче Петров, Кузман Вардар, Чаир, Спартак
Актуелен бранител на титулата кај пионерките е екипата на Ѓорче Петров.