Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска по ждрепката ги дознаа ривалите во групната фаза од Лигата на Европа.
Битолчани ќе играатво групата Д против бундеслигашот Фуксе Берлин, украинскиот првак Мотор Запорожје, шпанската Бидасоа, данскиот Орхус и португалскиот Агуаш Санташ.
Првиот натпревар Еурофарм Пелистер ќе го одигра на 25 октомври на домашен терен против данскиот тим.
Македонскиот тим на два пати стигнуваше до осминафиналето во второто по ранг европско клупско натпреварување, а сезонава посакува да направи чекор напред.