Машката сениорска репрезентација на Македонија следната недела ќе ги одигра првите две средби од квалификациите за Европското првенство 2024 година.
На мечот против Луксембург, што ќе се игра на 12 октомври од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, ЕХФ делегираше судии од Словачка – Буџак и Захрадник, додека делегат е Хрватот Касуниќ.
На мечот против Турција, што ќе се игра на 16 октомври во градот Ван од 16:00 часот, судиите доаѓаат од Австрија – Бркиќ и Јусуфхоџиќ, додека делегат е Асгаров од Азербејџан.
Покрај овие две селекции, во нашата квалификациска група е репрезентацијата на Португалија, со која ќе одиграме двомеч во март 2023 година.
Најдобрите две селекции од осумте квалификациски групи и најдобрите четири третопласирани селекции ќе обезбедат место на ЕП 2024 година во Германија, каде освен домаќинот веќе пласирани се Шведска, Данска и Шпанија.