Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави списокот на ракометари за собирот во ЕХФ неделата.
Стојановиќ на списокот има 22 ракометари, најголем дел се од оние што го освоија трофејот на ЕХФ шампионатот во Летонија.
Кадетите во рамките на ЕХФ недела ќе одиграат две пријателски средби со селекцијата на Црна Гора на 14 и 15 октомври.
Пет нови имиња има на списокот на Стојановиќ. Тоа се тројката од Голден Арт 2 – голманот Никола Спасовски и бековите Андреј Глигоров и Немања Џигероски, потоа десниот бек од Бутел Скопје, Андреј Петрушевски, како и пивотот од Прилеп, Лео Дамчевски.
Собирот на ракометарите ќе биде на 10 октомври, понеделник со почеток во 13:00 часот, а до заминувањето за Подгорица, ќе се тренира во Скопје.
Од тој ден стартуваат и подготовките за настапот на следното големо натпреварување, а тоа ќе биде Мундијалот за кадети, во август следната година во Хрватска.