Некогашниот вицепрвак на Русија, Нева од Санкт Петербург денеска официјално се ребрендираше и во понатамошниот тек од сезоната ќе настапува под капата на моќниот спонзор Гаспром, односно под името Зенит.
Откако пред извесен период, првиот човек на руската ракометна федерација Сергеј Шишкарев најави дека Нева ќе добие моќен спонзор, беше јасно дека во Русија ќе се роди нов ракометен гигант.
Со оглед на фактот дека сѐ уште руските клубови имаат забрана за настап на европска сцена, новиот руски проект ќе атакува на висок пласман во домашниот шампионат, но и во СЕХА лигата.
Токму утре, со почеток од 16:00 часот, тимот ќе го одигра првиот натпревар под новото име.
Зенит во рамки од првото коло од СЕХА лигата од дивизијата „Исток“ ќе се соочи со тимот на ЦСКА Москва.