Ракометарите на Тулуз го направија најголемото изненадување во францускиот шампионат и во рамки од 3. коло го совладаа богатиот тим на ПСЖ со осум гола разлика, 35:27.
Тулуз, кој има буџет од околу три милиони евра, денес го одигра најдобриот натпревар во последните години и победата против ПСЖ ја завери уште по првото полувреме, кое што го доби со 17:13.
За ракометарите на ПСЖ ова беше прв пораз по 38 одиграни натпревари. Последниот пораз ПСЖ во домашниот шампионат го имаше во 2021 година кога беше поразен од Нант.
Од 2017 година само пет екипи го имаа совладано ПСЖ на домашна сцена. Тоа беа Нант, Сент Рафаел, Монпелје, Ница и Екс Ан Прованс. Од денес им се придружи и екипата на Тулуз.