Поранешниот македонски шампион Куманово ја забележа првата победа во третиот натпревар од новата сезона во Женската лига. Избраничките на Драгана Ристова по поразите од Вардар и Чаир, славеа на домашен терен со Гевгелија со 43-19.
По 6-5 во првиот дел, Куманово со серија од четири гола стигна до плус пет, 10-5 и потоа континуирано го зголемуваше водството. Тоа до паузата изнесуваше дури 15 гола, 24-9.
Гостинките во второто полувреме останаа без Јанчева, која поради три исклучувања доби црвен картон во 38. минута. До крајот само се броеја погодоци, особено во мрежата на гевгеличанки.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа бразилската интернационалка Андреза Алммеида со 16 погодоци и Сара Богојеска со седум, додека кај Гевгелија се истакнаа најискусните Гичева со шест и Илкова со пет погодоци.