Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од второто коло во Европскиот Куп во женска конкуренција.
Македонската двојка Методија и Михајло Илиевски, добија нова европска задача и ќе патуваат во Бања Лука.
Таму ќе ги судат двете пресметки меѓу домашниот тим Борац и кипарскиот претставник Лација Никозија.
Натпреварите ќе се играат на 7 октомври од 19:00 часот и на 9 октомври од 17:00 часот.